XO Advanced MP3 Transmitter BCC16 Bluetooth v5.3 + FM + MicroSD + 3.5mm AUX
Поврзи безжично или со кабел, слушај музика или разговарај!
ХО Безжичен MP3/WAV модул со напредни функционалности за лесна и брза репродукција на музика на кој било радио уред во автомобил или дома.
Поврзете го безжично преку Bluetooth конекција со вашиот мобилен телефон (работи и со таблети, лаптопи и десктоп компјутери), и слушајте музика преку FM станица на вашиот музички систем или радио применик во вашиот автомобил, или доколку пак повеќе сакате поврзување со кабли поврзете го модулот со 3.5мм стерео кабел во AUX приклучокот.
Изберете празна фреквенција (на пример 87,5) што нема активна радио станица и синхронизирајте го FM предавателот и вашиот стерео на истата фреквенција, за да слушате музика од звучниците на автомобилот.
Совршено решение за супер квалитетен безжичен аудио пренос и разговори без раце. Благодарение на верзијата 5.3 Bluetooth, можете да уживате во безпроблематична врска и висококвалитетен пренос на звук, без никакви шумови и губиток на квалитет. Поддржува A2DP, AVRCP, HSP, HFP и MP3/WAV.
За да започнете со користење едноставно приклучете го модулот на УСБ приклучок (во вашиот автомобил, полнач за телефон, преносна батерија - power bank, или дури во вашиот лаптоп или телевизор (било кој усб приклучок!!!)...)
Можете да да слушате музика од:
вашата мемориска картичка MicroSD - (мемориската картичка со МП3 музика ставете ја во означеното место во модулот и веќе можете да слушате)
поврзете било кој уред преку Bluetooth (мобилен телефон, таблет, лаптоп, десктоп компјутер...)
Можете да слушате музика на вашиот домашен музички систем (со кабел преку AUX или безжично преку FM станица), автомобил, или дури и на класични слушалки и компјутерски звучници...
Има вградено и микрофон во уредот што овозможува и вршите разговори Handsfree и да слушате на звучниците од автомобилот или вашиот домашен систем!