Ново Aurora Office & Home Mesh Chair White Blue Modern Ergonomic

Aurora Office & Home Mesh Chair White Blue Modern Ergonomic

Производител: Stolici.mk
Шифра: Aurora White&Blue
Достапен: Има залиха
5,500.00ден без ДДВ: 5,500.00ден
Количина: Во кошничка

Моделот Аурора со својот модерен дизајн и флексибилни функции за прилагодување и издржливи материјали, е идеален избор за ученици и студенти за удобна средина за учење и заштита на нивното здравје и исправен ‘рбет.

Аурора не е само парче мебел, туку и важен придружник во одржувањето на здравјето и удобноста на учениците. Со многу напредни карактеристики и ергономски дизајн, овој стол е вистинскиот избор за родителите кои сакаат правилна положба на седење на своите деца во текот на учењето.

Естетски и модерен дизајн: софистициран и модерен дизајн, совршено прилагоден за домашни простории. Изборот на светли пастелни бои како розова, сина и сива не само што ја прави средината за учење поживописна, туку помага и да се стимулира мотивацијата кај децата за учење.
Овие три бои беа избрани со академско истражување како најстимулативни за преференциите на учениците, особено на помладите кои сакаат нежни и пријатни бои наспроти јаки интензивни бои.

Рамка за стол: Рамката на стол како и целосниот корпус се изработени од издржлива бела пластика, што обезбедува стабилност и добра носивост отпорна на деформации.

Димензии на столот: Седиштето е широко 43 см, длабоко 45 см, Столчето вкупно со раконаслоните а 60см - 52см, а неговата висина е прилагодлива од 104 см до 114 см, со висина од подот до седиштето од 43 см - 53 см. 

Прилагодување на висината: Столот има опции за прилагодување на висината, што овозможува да одговара на корисници со различна висина. Ова помага да се одржува правилно држење на телото, избегнувајќи седење премногу ниско или премногу високо, што може да влијае на болка во грбот.

Висококвалитетен и дишечки материјал: Материјалот од кој е направен столот е еден од факторите што го издвојуваат производот од другите обични столчиња. Мрежестата ткаенина не само што не поти туку е и многу лесна за чистење. Ова е исклучително важно за може да се седи подолг период. Мрежестата ткаенина помага во регулирањето на протокот на воздух, го минимизира насобирањето пот и го одржува столчето чисто и удобно.

Мрежест потпирач за грб: Дизајниран со мрежест материјал, потпирачот за грб обезбедува удобност и не задржува топлина, создавајќи пријатно чувство.

Ергономски дизајн: Столот е научно дизајниран да обезбеди максимална поддршка за развој на 'рбетот на младите. Прилагодливиот потпирач за грб помага да се одржува исправена положба, спречувајќи грбавост и други мускулно-скелетни проблеми. Наслонот за грб може лесно да се прилагоди по висина, обезбедувајќи оптимална потпора на грбот според висината на корисникот.

Наслоните за раце се преклопуваат нагоре и надолу за 90 степени: Наслоните за раце може лесно да се преклопат нагоре и надолу, овозможувајќи прилагодување на држењето на телото на детето додека учи. Ова прилагодување обезбедува флексибилност, овозможувајќи им на децата поудобно да го користат столот додека учат или одмараат.

Ротирачка основа и флексибилни тркала: Столот е опремен со ротирачка основа и тркалца, што овозможува лесно движење

Аплицирана етикета stolici.mk како потврда за оригиналност и автентичност на моделот
столицата е фабрички подготвена за лесно склопување, со вклучените потребни алатки и чекор-по-чекор инструкции, ќе биде подготвен за употреба за околу 10-15 минути!

Manufactured by Stolici.mk