Политика на Приватност

Политика на приватност и заштита на лични податоци

Почитувани, внимателно прочитајте го текстот и доколку не се согласувате со правилата за приватност ве молиме да не се регистрирате на нашата веб-страна.
Нарачка може да извршите и без да се регистрирате на нашата веб страна при што податоците внесени при нарачувањето се користат исклучиво еднократно само за креирање на адресница за достава на нарачката и не се зачувува запис од истите.

Политиката на приватност и заштита на личните податоци на www.premium.com.mk појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на оваа веб страна. Оваа политика на приватност се однесува само за www.premium.com.mk и поддомените а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Секој купувач при регистрација и купување изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност. Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Информациите кои нам ни се потребни се: Име и презиме, e-mail адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.
Податоците кои ги побаруваме и се чуваат кај нас нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.

www.premium.com.mk не побарува никакви информации од финансиска природа како број на Кредитна Картичка и/или број на банкарска сметка.
При електронската наплата на нарачки www.premium.com.mk нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка бидејќи тие се испраќаат директно до центарот за процесирање на наплата CASIS и банката преку сигурносна врска.

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Содржините објавени на веб-страната се безбедни за малолетни лица. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и Премиум Компјутери нема намерно да зачувува или користи податоци од малолетни лица.

www.premium.com.mk ги превзема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите. Премиум Компјутери не дискриминира никого врз основа на возраст, пол, раса, национална припадност, политичка, сексуална или било која друга определба.

Оваа политика на приватност стапува на сила од Јануари 2022 година. Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб странатa www.premium.com.mk најмалку 30 дена пред да стапат во сила.


Авторски Права

Објавените содржини, слики, логоа, слогани, информации, податоци... се заштитени под интернационалните закони за авторските права. Најстрого се забранува секое неовластено копирање, репродукција, пренос, бришење, реверзивно декодирање и злоупотреба на содржината објавена на www.premium.com.mk во целост или во делови.

www.premium.com.mk се оградува од содржината на другите веб-сајтови коишто можеби директно или индиректно преку линк се поврзуваат со www.premium.com.mk. Сите употребени логоа, трговски марки и слогани се во сопственост на нивните легални сопственици. Премиум Компјутери® логото и називот е регистрирана трговска марка!


Собирање и обработка на лични податоци

Вашите лични податоци ги обработуваме:

-За овозможување на online користење на нашите услуги и производи, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка и

- За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нуди.

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци www.premium.com.mk ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Персоналот е обврзан да ги чува во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојде за време на извршувањето на нивните работни задачи. www.premium.com.mk применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични а се складирани на нашата страница. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.
Вашите лични податоци ќе ги користиме само заради техничко администрирање на веб страниците и заради задоволување на вашите потреби и желби. Вашите лични податоци ќе бидат користени за обработка и директен маркетинг само врз основа на ваша изречeна согласнот и само во обем неопходен за секој поединечен случај. Податоците нема да бидат пренесувани на државни органи, освен во случаи утврдени со закон. www.premium.com.mk на ваше писмено барање ќе ви овозможи увид во сите ваши лични податоци со кои располага (име, адреса и сл.).
Доколку корисникот има потреба од било каков контакт со www.premium.com.mk има можност тоа да го оставри преку контакт формата на web-страната или директна е-маил порака. При користење на оваа опција од корисникот се бараат следните податоци: Име презиме и email адреса за да може да се персонализира и да се даде директен одговорот. Податоците на корисникот се чуваат додека корисникот не побара нивно бришење, менување или ограничување (согласно неговите законски права) или најмногу 1 година од последниот остварен контакт преку страната, што и да се случи прво.

Cookies - Колачиња на пребарувачот на интернет

Заради системска заштита секогаш кога ќе ја посетите нашате веб страница нашиот веб сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата од која што пристапувате, заедно со уште неколку технички податоци во врска со посетата на веб страницата. Исто така во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на веб страниците според вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои автоматски се генерираат на компјутерот на корисникот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. При вашата посета на веб страницата www.premium.com.mk нема да вршиме прибирање на лични податоци, освен во случаи кога доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример при електронски нарачки, анкети или барања за информации. Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на веб страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Р. Македонија. Притоа податоците поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска, www.premium.com.mk ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка.

Заштита на лични податоци

Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и кој ги утврдува целите за обработка на истите во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Контакт и одговорни лица за заштита на личните податоци се Офицерите за заштита на лични податоци (е-пошта на ozlp@premium.com.mk). Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање до Офицерите за заштита на лични податоци на www.premium.com.mk (е-пошта на ozlp@premium.com.mk) кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи при што одговорот на корисникот ќе се даде во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. Вие исто така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага или кога контролорот има сеуште законска потреба од Вашите податоци за исполнување на законските обврски. Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на www.premium.com.mk (е-пошта на ozlp@premium.com.mk) кога обработката е незаконска.
Во случај на онлајн нарачка личните податоци се чуваат до законскиот рок за чување на хартиена документација за правни лица, согласно усвоената листа на документиран материјал со рокови на негово чување. Штом ќе истече законскиот рок на чување записите и личните податоци ќе бидат предмет на бришење. Бришењето на податоци се случува на истекот на годината во која истекла законската основа за чување и обработка на податоците.
Во случај на Ваше барање на информација личните податоци се чуваат само за остварување на контактот инициран од Ваша страна. Доколку го прекинете контактот или не одговорите на нашата информација во рок од 30 дена вашите контакти се бришат. Доколку сакате вашите податоци да бидат корегирани или избришани, или доколку имате какви било прашања или предлози за заштита на личните податоци, можете да нè контактирате на е-адресата ozlp@premium.com.mk притоа вашата е-адреса нема да биде искористена за друга намена.


Промени во политиката за приватност на личните податоци
www.premium.com.mk има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.