Општи услови
Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. www.premium.com.mk не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт.
Доколку не се согласувате со Општите услови на оваа страна, едноставно не ја користете и повелете во нашата продавница.
За сите понудени производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како и опис на производот. www.premium.com.mk го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, во случај кога ќе постои ризик од губење на битни информации при преводот, и/или нема иста или слична терминологија на македонски јазик.
За да ги задоволиме Вашите потреби и барања, www.premium.com.mk ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од нашата контрола, не можеме да превземеме никаква одговорност и да Ви гарантираме постојан пристап.
www.premium.com.mk максимално ќе ги користи сите свои ресурси за сите артикли на овој веб-сајт да ви бидат прикажани со своите исправни и ажурирани називи, спецификации, слики и цени. Сепак не можеме да гарантираме дека сите наведени информации и фотографии од прикажаните артикли се потполно исправни. www.premium.com.mk го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
Артиклите кои се со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини, од објективни причини нема да бидат процесирани во системот, односно нарачките со тие артикли може да бидат откажани.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата www.premium.com.mk.
Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.
По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. www.premium.com.mk го задржува правото да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување без да има било каква обврска да изврши никакво обесштетување, освен враќање на евентуалните уплатени средства од страна на купувачот.
*купување и плаќање во продавница нема ограничување на сума
**онлајн купување и плаќање има лимит на сума за минимална нарачка