Испорака и Рекламација

УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА И РЕКЛАМАЦИЈА

Правила на испорака

Правилата на испорака на www.premium.com.mk ги објаснуваат условите и начинот на испорака на купените производи.

www.premium.com.mk ви ги овозможува следните начини за испорака на нарачките:
• лично подигнување на нарачката во нашата продавница
• испорака до врата по ваш избор (со транспорт по ваш избор и на ваш трошок, превземање од наш магацин/продавница).

Производите се испорачуваат со гаранција (доколку производот има гаранција), испратница и фактура за извршеното плаќање и се секогаш безбедно спакувани!.

Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш! Доколку производот е оштетен за време на испораката треба да се реагира веднаш кај службата што ја врши испораката. www.premium.com.mk целосно се оградува и не сноси никаква одговорност за евентуалните доцнења, недостатоци или ошетувања предизвикани од транспортот на нарачките.

Политика за враќање

Доколку купувачот сака да го замени или врати производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи. Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура и испратница и истиот може да го замените со нов. Во овој случај, Ве молимe да не информирате за Вашето барање и да го доставите на e-mail адреса: sales@premium.com.mk. Производот што купувачот го рекламира или сака да го врати го испраќа безбедно спакуван во оригиналната амбалажа на сопствен трошок до нашата адреса.

Повраток на целосната уплата можете да ја остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура и испратница во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.

Потрошувачот има право да го замени производот со друг производ што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор. Потрошувачот правото за замена може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.

Замена на производот со друг се врши само ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или фактура кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш производот ќе му биде вратен назад на корисникот на негов трошок.

www.premium.com.mk има резервирано право да ја менува Политика за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата www.premium.com.mk. Нашата политика за Враќање на производ и парични средства, е достапна на нашата веб страницата. Овие правила стапуваат на сила од Септември 2011 година. Промените во правилата на испорака ќе бидат јавно објавени на веб странатa www.premium.com.mk најмалку 30 дена пред да стапат во сила.

За евентуални технички ненамерни грешки, неправилен опис на производите кои би можеле да се појават на веб страницата однапред се извинуваме и не превземаме никаква одговорност.