Упатство за Веб Нарачки

Упатство за брзо и безбедно Онлајн Купување

Онлајн купувањето може да се врши 24часа секој ден во неделата од удобноста на Вашиот дом, преку вашиот персонален компјутер, лаптоп, таблет или мобилен телефон, без никакви провизии и дополнителни банкарски трошоци!
За најдобро и најбезбедно корисничко искуство ви препорачуваме да користите Google Chrome Browser интернет пребарувач.

За да направите online нарачка прво треба да се регистрирате на нашата интернет страна! При регистрацијата потребно е да внесете точни податоци како корисничко име, валидна e-mail адреса и лозинка која ќе ја користите за најава на нашата веб страна, како и адреса за испорака на нарачката!

ВАЖНО: сите податоци што ги внесувате автоматски се заштитуваат со најсовремена енкрипција и само Вие ќе имате пристап до нив !!!

1: Одбери и додади производи во Кошничка
Со клик на копчето „купи“ производите ќе бидат додадени во вашата кошничка. Истите подоцна доколку сакате можете да ги избришете од кошничката или да ја промените нивната количина.

upatstvo-str1

2: Преглед на производи во кошничката
Доколку сакате да остраните некој производ или сакате да ја промените количината што сакате да ја купите, тоа можете да го направите со преглед на вашата кошничка, потоа кликнете на копчето "кон плаќање".

3: Потврда на нарачката

Доколку претходно сте регистрирани како корисник тогаш продолжете со клик на копчето "најави се".

Ако сте нов корисник тогаш треба да отворите нова сметка,  и по успешната регистрација на вашата е-mail адреса добивате потврда за вашата регистрација.
Доколку имате потреба да промените некои од вашите податоци тоа можете да го направите со кликнување во горниот десен агол на полето "Најави Се"

Системот ве води чекор по чекор со потврда на податоците, на нарачката и кон конечно плаќање.
Во Чекор 4 одберете го начинот на испорака на нарачката кој најмногу Ви одговара.
Во Чекор 5 одберете го начинот на плаќање.
 - Доколку одберете Банкарски трансфер на Вашата e-mail адреса ќе ви биде испратен документ со инструкции за плаќање во банка.
 - Доколку одберете Плаќање со Кредитна / Дебитна картичка системот на Стопанска Банка АД Скопје ќе ве пренесе во процесот за плаќање (објаснето во следните чекори).

upatstvo-str3

Кликнете "Потврди ја нарачката" за да ја финализирате вашата нарачка!

4: Плаќање со Кредитна / Дебитна Картичка

Може да платите со Кредитна и Дебитна Картичка (Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro, Diners...) издадена од било која Банка преку сигурносниот систем за авторизација на Casys. Плаќањето е 100% безбедно и овозможено од Стопанска Банка АД Скопје.

Внесете ги точните податоци од Вашата платежна картичка.
Доколку било кој податок е погрешно внесен трансакцијата ќе биде неуспешна.
(CVV2/CVC2 кодот и телефонскиот број на дежурниот центар на Банката се наоѓаат од задната страна на платежната картичка)

(*Пин код од картичката во ниту еден момент нема да ви биде побаран!)

Доколку сите внесени податоци се точни и Банката ја одобри трансакцијата, притиснете уште еднаш потврди и уплатата е успешно завршена.
Во истиот момент на вашиот e-mail добивате копија од нарачката со потврда за извршената уплата, а вашата нарачка добива налог за испорака.